Најплатени кошаркари во Евролигата: Пантер е во Топ 3

Специјализираниот кошаркарски портал „Јурохапс“ објави листа на најплатените кошаркари во Евролига. Вкупно 14 кошаркари можат да се пофалат со договори кои надминуваат два милиони долари годишно, што е речиси рекорд во елитното натпреварување.

Интересно, на оваа листа не се најдоа двајцата играчи кои дојдоа од НБА, Кемба Вокер од Монако и Џабари Паркер од Барселона.

Највисока плата во Евролигата има Шејн Ларкин, кој заработува четири милиони во Ефес, со кого договорот му истекува следното лето.

Следен е Костас Слукас, кој од Олимпијакос се пресели во Панатинаикос, кој тврди дека платата на дефанзивецот е 2,8 милиони долари годишно. „Јурохапс“ тврди дека неговиот тригодишен договор е вреден 10 милиони, „но го почитува она што клубот го прикажува како плата“.

Капитенот на Партизан, Кевин Пантер е трет на листата со 2,6 милиони долари, што е за 1,1 милион повеќе од платата од минатата сезона во Белград.

Се вчитува...