Објавена листата на најмалку платените играчи во Премиерлигата, eден од нив е од Манчестер Сити

Во англиските медими излезе листа на најмалку платените играчи во Премиерлигата. Познато е дека во Англија најмногу заработува Кевин де Брујне кој годишно инкасира 23 милиони евра. Зад него е неговиот соиграч Ерлинг Халанд кој е платен 22,4 милиони евра.

Најмала плата во Премиерлигата има Алекс Мијтен, фудбаелерот на Нотингем Форест кој заработува околу 192 илјади евра за една година. На листата се наоѓа голманот на Њукасл, Лорис Кариус, како и еден играч на Манчестер Сити.

НАЈМАЛКУ ПЛАТЕНИ ИГРАЧИ ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА ПО ГОДИНА

  1. Алекс Мијтен (Нотингем Форест) 192.000 евра
  2. Рис Норингтон-Дејвис (Шефилд Јунајтед) 220.800 евра
  3. Џордан Кларк (Лутон) 273.600 евра
  4. Џејмс Ши (Лутон) 412.800 евра
  5. Пели Рудок Мпанзу (Лутон) 412.800 евра
  6. Кортни Хеус (Астон Вила) 445.440 евра
  7. Лорис Кариус (Њукасл) 552.000 евра
  8. Џорџ Балдок (Шефилд Јунајтед) 552.000 евра
  9. Томи Дојл (Манчестер Сити) 552.000 евра
  10. Макс Лоу (Шефилд Јунајтед) 552.000 евра

Се вчитува...