Летонскиот кошаркарски репрезентативец, Јанис Тима денеска беше пронајден мртов во хостел во Москва, по извршено самоубиство поради депресија по разводот со неговата досегашна сопруга, украинската пејачка Ана Седокова која живееше и работеше во Москва.
Се самоубил поради депресијата во која се нашол по разводот со пејачката Ана Седокова. Двојката се разделила по четири години брак и Јанис чувствувал дека животот му е уништен поради тоа. Медиумите објавуваат детали за нивната бурна врска, но и дека планирал да се самоубие за што претходно ја известил Ана и преку социјалните мрежи.
Под една од објавите на Инстаграм профилот на Ана, Јанис го напишал датумот на неговото раѓање, но и датумот на кој планира да се самоубие. Пораката „09.07. 92 – 16.12. 24“ е особено морбидна ако сега се знае дека телото на познатиот кошаркар е пронајдено токму на 16 декември, датумот кој тој го посочи како негова смрт.
Руските медиуми објавија и видео од последните мигови на Јанис, непосредно пред неговото самоубиство.
Последние минуты жизни бывшего мужа Анны Седоковой Яниса Тиммы попали на камеру домофона pic.twitter.com/LNvtUxjJ4s
— Pluton (@Pluton45873221) December 17, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА