Новиот инвеститор во Манчестер Јунајтед Сер Џим Ретклиф, најавува големи проекти во клубот, меѓу кои и нов стадион, кој ќе биде еден од најдобрите и најголеми во Европа. Со помош на вештачката интелигенција, објавени се фотографии од новиот „Олд Трафорд“.
Сегашниот „Олд Трафорд“ има капацитет од 75.000 места, а новиот би требало да биде проширен, и да собира 100.000 гледачи. Исто така во план е да има подвжиен покрив, а целата инестиција би чинела милијарда фунти.
Ретклиф е голем фан на модерни стадиони, и се зборува дека токму реконструкцијата на стадионот ќе му биде прва работа на листата. Ретклиф исто така се надева дека на тој стадион ќе бидат одржувани и други голем број настани. Новиот стадион би требало да биде на местото на сегашниот, но би се направил и комплекс кој би содржел и продавници и ресторани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА