Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Сојузот на спортови и Министерството за спорт на Македонија ги објавија номинациите за најдобрите спортисти за 2024 година.

Помеѓу мажите номинирани се шахистот Тони Лазов, кикбоксерот, Бобан Илиоски, атлетичарот Дарио Ивановски, кајакарот Ангел Петрушев и голманот Столе Димитриевски.

За признанието во женска конкуренција ќе се борат: Таеквондистката Милјана Рељиќ, каратистката Михаела Мишовска, ракометарката Сара Ристовска, кикбоксерката Леа Бошевска и фудбалерката Наташа Андонова.

Покрај овие две награда, лаурета ќе бидат одбрани и во следните категории: Млад спортист и спортистка на годината, најуспешен женски и машки национален тим, најуспешен спортист на лице со инвалидитет, најуспешен тренер/селектор и најуспешна спортска федерација.

Се вчитува...