Објавени платите во Саудиска Арабија: Роналдо заработува колку Бензема и Нејмар заедно

Фудбалските клубови во Саудиска Арабија се подготвуваат за наредната сезона, засега сме сведоци на „затишје пред бура“ со оглед на тактизирањето на тимовите во обид да се спушти цената на посакуваните ѕвезди кои треба да пристигнат од Европа.

Во меѓувреме веб-страницата „https://www.capology.com/“ која се занимава со платите на фудбалерите ширум светот ја објави и листата на најплатени фудбалери во Саудиска Арабија. Она што е интересно клубовите во Саудиска Арабија согласно моментните буџети ќе поделат над една милијарда евра на име плата на вкучно 210 фудбалери кои се под договор за 2024/25.

На врвот убедливо прв очекувано се наоѓа Кристијано Роналдо. Португалецот прв повлече нога и придонесе за популаризација на оваа лига меѓу врвните фудбалери, за што како „награда“ од Ал Наср во следните 12 месеци ќе заработи неверојатни 200 милиони евра. Само за споредба, Кристијано сам во новата сезона ќе доби колку следните двајца фудбалери на оваа листа заедно, Нејмар од Ал Хилал и Карим Бензема од Ал Итихад.

Следен на листата е Ријад Марез, кој по трансферот од Манчестер Сити во Ал Ахли сега има плата од фантастични 52,2 милиони евра, додека Садио Мане зема пет пати помала плата од Кристијано Роналдо во Ал Наср (40 милиони евра годишно).

Зад сенегалскиот напаѓач на листата следи неговиот репрезентативен колега, дефанзивецот Калиду Кулибали со плата од 34,7 милиони евра во Ал Хилал, а идентични 25 милиони евра годишно ќе заработат Србите Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ Савиќ во Ал Хилал, како и Французинот Нголо Канте според договорот што го има со Ал Итихад.

Се вчитува...