Еурофарм Пелистер и Металург ќе го претставуваат македонскиот ракомет во групната фаза од Лигата на Европа, но двете екипи нема да можат да се најдат во иста група од ова европско натпреварување, објави ЕХФ во пресрет на утрешната ждрепка.
Европската куќа на ракометот ги објави шеширите за ждрепката, Пелистер е дел од третиот, а Металург од шестиот шешир, но македонските тимови сигурно ќе се избегнат од причина што ждрепката е полудиригирана, односно во иста група нема да можат да се најдат од екипи од исти држави.
Шешир 1: Адемар Леон (Шпа), Нимс (Фра), Магдебург (Гер) и Татабања (Унг)
Шешир 2: Висла Плоцк (Пол), Динамо Букурешт (Ром), Шафхаузен (Шва) и Алингсас (Шве)
Шешир 3: Еурофарм Пелистер (МКД), Чех. Медведи (Рус), Татран Пешов (СВК) и Бешикташ (Тур)
Шешир 4: Тулуз, Монпелје (Фра), Фуксе Берлин (Гер) и Р.Н.Левен (Гер)
Шешир 5: Фиверс (Авс), Нексе (Хрв), ГОГ (Дан) и Спортинг Лисабон (Пор)
Шешир 6: Металург (МКД), Тримо Требиње (Сло), Кристијанштад (Шве) и ЦСКА (Рус)
Ждрепката ќе биде полудирегирана, па двете македонски екипи не ќе можат да се најдат во иста група, а истата ќе се одржи утре во Виена, со почеток во 11 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА