Објавени субвенции за инвертер клими, голема заинтересираност за енергетско-ефикасни модели на системи за греење

Грижата за чистиот воздух, кој е актуелна тема веќе неколку години, создаде потреба од економични и еколошки решенија за загревање на домот.

Токму од истата причина, Град Скопје веќе во неколку наврати одобрува субвенции  во висина во максимален износ од 62.000 ден. за инвертер уред како начин за справување со загаденоста, која има тренд на постојано намалување благодарение токму на зголемениот број на домови кои користат вакви еколошки решенија за греење и ладење.

Очигледно е дека потрошувачите се сè посвесни за предностите на климатизација на домот и работното место со инвертер клима уреди. Покрај намалување на загадувањето, овој систем овозможува намалени трошоци, зголемена удобност и лесна контрола.

Заинтересираноста е голема, потврдуваат од тимот на Daikin, со објавувањето на јавниот повик сè повеќе постои интерес за што понапреден модел и понапредна технологијa, како трајно решение за домот.

На избор се повеќе модели кои може да се набават со субвенциите од Град Скопје, сега достапни и со промотивен 10% попуст на секој модел.

Ова се најпопуларните системи за греење и ладење со инвертер технологија:

Daikin клима уредите се ефикасни во повеќе насоки: ефикасно греат во услови на многу ниски температури (за некои модели и до -25°C), ја оптимизираат потрошувачката на електрична енергија, а во исто време ја заштитуваат животната средина.

Со акцијата за субвенциите граѓаните имаат можност да ги заменат печките на дрва или на пелети со клима уред од висока класа какви што се Sensira, Perfera или Comfora, системи со оптимална потрошувачка и оптимално одржување.

Multi-Split системите на Daikin

Со овој систем се контролира температурата во различни простории во вашиот дом или канцеларии. Со внатрешна единица за секоја просторија засебно, вие одлучувате за температурата во секоја просторија, а со тоа имате контрола и врз трошоците.

Daikin Althermaмултифункционална топлинска пумпа

Овој систем може да се користи за греење, ладење и топла санитарна вода. Предноста на Altherma топлинската пумпа во однос на другите системи е тоа што користи комбинација на обновливи извори на енергија и со тоа трошоците за овој систем ги сведува на минимум. До 75% од енергијата која се користи за греење и ладење се црпи од надворешната околина, дури и на температури од -25°C.

Покрај тоа што е енергетски ефикасно решение, Daikin Altherma зафаќа мал простор и може да се приклучи на веќе постојната инсталација со радијатори, што дополнително заштедува при процес на реновирање.

Искористете ги субвенциите и попустот од 10% на Daikin уредите и заедно со стручниот тим на Daikin изберете го најсоодветното и најекономичното решение за загревање на вашиот дом или друг објект.

Комерцијален текст

Се вчитува...