Германскиот магазин „Де Шпигел“ објави мејл комуникација на Дејвид Бекам која ги открива вистинските причини поради кои поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед се занимава со хуманитарна работа.
Мрежата на истражувачки новинари и „Де Шпигел“ објавија наводни мејлови во кои 41-годишниот Бејам го критикува одборот за доделување на „Орденот на британското царство“ лутејќи се како не е награден со титулата витез и покрај долгогодишната хуманитарна работа. Бекам пишувал дека секако хуманитарната работа му е за да дојде до посакуваните титули…
„Членовите на одборот се неблагодарни. Не сакам ордени со ниска вредност. Кој одлучува за тоа??? Ако не ме назначат за витез, тоа е срамно. Да бев Американец таква титула ќе добиев уште пред 10 години. Кетрин Џенкинс доби орден за што? Затоа што пее на рагби натпревари, посетува војници и зема кокаин“ – пишува во еден од мејловите кои Бекам во 2013 година ги испратил на ПР менаџерот, Симон Оливеира.
„Ова е само причина повеќе од оваа година да ја засилиме работата со УНИЦЕФ и да се посветиме повеќе на останатите хуманитарни здруженија. Ќе направиме листа што треба да направиме за хуманитарни цели, за да видат луѓето дека нешто работиме место постојано да читаат колку пари заработуваме. Значи, хуманитарната работа ни е важна за бизнисот и за тоа не треба да ја занемариме. Бизнисот понатаму е главна цел, а преку хуманоста мора да стигнеме и до заслужените ордени“ – дополнува, наводно, Бекам.
Од мејловите се открива и дека Дејвид Бекам барам од УНИЦЕФ повеќе од 6.000 фунти да му се плати патот на Филипини, каде ги посети децата по тајфунот „Хајиани“, и покрај тоа што претходно спонзорите му осигурале приватен авион. Но, парите за пат од УНИЦЕФ сепак си ги побарал на својата сметка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА