Објавиле оглас на „Фејсбук“ за нови фудбалери, па на проба им доаѓаат 55 играчи

Хрватскиот клуб Рудеш во минатата сезона за малку не успеа да обезбеди прволигашки статус. Рудеш го пропушти пласманот во „елитата“ во последните три кола, кога освои само четири бода, со што беше јасно дека од прволигашка промоција ќе нема ништо. Од првопласираниот Вараждин, Рудеш заостана седум бодови.

Во меѓувреме клубот се прегрупираше. Стигна нов тренер во името на Мато Неретљак, а Силвио Мариќ ја напушти позицијата спортски директор.

Овој хрватски тим на почетокот на овој месец објави оглас на социјалната мрежа „Фејсбук“ за нови играчи, на кој се пријавиле голем број, па така на проба стигнуваат неверојатна бројка од 55 играчи.

„Доаѓаат вкупно 55 играчи на проба. Го задржавме костурот на минатосезонската екипа со кој бевме повеќе од задоволни. Но, не исклучуваме можност да потпишеме со некој доколку ни се допадне. Има и играчи со завидна биографија од друга холандска лига, прва словенечка лига, како и некои со интернационално искуство“, рече Стипе Чондриќ, директорот на Рудеш. 

Се вчитува...