„Објавувам крај на кариерата по смртта на мојот ривал среде борба“! (ВИДЕО)

Францускиот кик-боксер Ентони Дуранд реши да стави крај на кариерата по трагедијата во рингот во која животот го загуби неговиот ривал Панпеч Падуншаи (25). Несреќниот борец беше брутално нокаутиран на мечот против Дуранд во меч на „Муај Тај“.

За жал, тој не се разбуди по овој нокаут. Тој помина девет дена во кома. По нокаутот, неговиот мозок престанал да работи, а пред неколку дена и почина по лошата повреда.

По оваа трагедија, Дуранд и официјално донел одлука да стави крај на кариерата. Тој се обвинува себеси за смртта на неговиот ривал и е многу депресивен поради се што се случило.

„Шокиран сум. Ова е крајот за мене. Никогаш повеќе нема да стапнам во овој ринг. Се сметам себеси за одговорен и ветувам дека ќе бидам на услуга на семејството се додека им требам”, рекол Дуранд.

Панпеч, чие вистинско име е Сарајут Клинминг, почнал да се натпреварува како 11-годишно дете. Важеше во светот на бортците за навистина голем борец, повеќекратен шампион во кик бокс и муај тај. За жал, оваа трагедија стави крај на една голема кариера која сигурно ќе беше уште поголема во годините што следат. Сепак, судбина одлучи се да се случи вака.

 

Се вчитува...