Облак е херој, Атлетико Мадрид е во четвртфиналето во ЛШ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Атлетико Мадрид се последниот патник во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако во трилер меч по изведување на пенали славеа над Интер со 3-2 (2-1).

Откако 33 минути мируваа мрежите, водство за гостите од 0-1 донесе Федерико Димарко. На домаќините да се вратат во игра им беа потребни само три минути откако Антоан Гризман успеа да израмни на 1-1.

Во 86. минута Депај имаше голема шанса, но ја погоди стативата. Сепак, истиот фудбалер само една минута подоцна најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник и успеа да постигне погодок за 2-1.

Во продолженијата мируваа мрежите, па натпреварот замина во изведувањето на пенали. Таму, Oблак беше неверојатен откако успеа да им одбрани пенали на Санчез и на Класен, а во последната серија Лаутаро Мартинез го промаши целиот гол, па Атлетико со 3-2 се пласираше во четвртфиналето.

Atletico Madrid Vs Inter – Penalty Shootout
byu/ganiganiu insoccer

Се вчитува...