Давид Де Хеа се поизвесно ова лето заминува од Манчестер јунајтед, за што се веќе свесни и на „Олд Трафорд“. Шпанецот има огромни барања кога станува збор за платата, а тоа не одговара со плановите на Јунајтед на сите фудбалери да им се намалат платите за 25% доколку не успеат да се изборат за настап во Лигата на шампионите следната сезона.
Па, веќе се најавува и замената за Де Хеа на голот на „црвените ѓаволи“. Станува збор за голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак.
Од продажбата на Де Хеа, како не би се ризикувала по истекот на договорот следната година да замине бесплатано, планирани се средства за купување на Облак и уште еден дефанзивец. Јан Облак уште пред една години беше желба и на Жозе Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА