Облак: Првпат ми се случи вакво нешто откако сум голман на Атлетико

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак беше еден од хероите на големата победа над Барселона на гостински терен (1-2) во 19. коло од Ла Лига, за пробивање на првото место на табелата.

Атлетико славеше по пресвртот и голот на замената Александар Серлот во шестата минута од судиското надополнување. Ова беше прва победа на Облак над Барселона како гостин откако е член Атлетико, поради што е особено среќен.

„Од кога сум тука, никогаш не сум победил во Барселона. Конечно успеавме. Тежок натпревар, но успеавме да освоиме три бода, само да продолжиме вака. Страдавме многу, почнавме лошо и со страв кој никој не го разбира. Бевме навистина лоши, но издржавме се и знаевме дека ќе дојдат прилики. По 1-0 се боревме и на крајот успеавме да победиме благодарение на Серлот“, изјави Облак. 

Се вчитува...