Облак си ја „фати“ ќерката на Предраг Даниловиќ

Голманот на Атлетико Мадрид Јан Облак е во врска со српската тенисерка и ќерка на поранешниот кошаркар Предраг Даниловиќ, Олга.

Врската трае уште од Ролан Гарос, а сега стана и официјална. Олга сподели заедничко селфи на својот Инстаграм профил и со тоа го потврди она што српските медиуми го „открија“ додека ги следеа нејзините натпревари во Париз.

Тогаш голманот на Атлетико Мадрид во друштво на црногорскиот репрезентативец Стефан Савиќ ги пратеѓе одличните натпревари кои Олга ги одигра на земјена подлога. Веднаш го привлече вниманието на медиумите на трибините, дури и Олга Даниловиќ ја коментираше неговата посета на турнирот, а на крајот заедно отпатуваа за Белград и беа „фатени“ на аеродром.

 

Се вчитува...