Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак заработи повреда на главата на натпреварот од последното коло на Примера против Рајо Ваљекано, а во изјава за шпанските медиуми истакна дека не памети никакви детали од тој дуел.
Словенечкиот репрезентативец мораше да го напушти теренот во 69. минута, а иако првично се мислеше дека се работи за повреда на рамото, се покажа дека Облак заработил нималку наивна повреда на главата.
„Не се сеќавам на ништо од последниот натпревар. Сега сум подобро. Полека се опоравувам, од ден во ден“, изјави Облак.
Атлетико е четврти во шпанското првенство, а во недела гостува кај Бетис, кој исто како и „јорганџиите“ има 20 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

