Атлетико Мадрид ова лето би можел да претрпи смена на голманската позиција, по најавите дека Јан Облак би можел да го напушти клубот после долги години. Словенецот наводно не бил повеќе задоволен од фактот што Атлетико не може да дојде до трофеи, па најавил дека може да ја смени средината.
За него веќе има интерес од Премиерлигашите Манчестер Јунајтед и Челси, кои би сакале да го видат во своите редови. Ако тоа се случи, тренерот на екипата Диего Симеоне веќе има пикирано негова замена.
Сонародникот на Симеоне, Емилијано Мартинез би застанал на голот на Атлетико, ако се случи Словенецот да ги оствари своите најави. За него исто така има интерес и од Манчестер Јунајтед и од Челси. Мартинез сигурно ќе има нов клуб ова лето, откако веќе се збогуваше со Астон Вила на крајот на минатата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

