Областа околу „Алијанц Арена“ во Минхен ќе се вика Франц Бекенбауер

Властите во Минхен одлучија да одобрат преименување на улицата и плоштадот каде се наоѓа стадионот на Баерн Минхен во Франц Бекенбауер, во чест на еден од најголемите фудбалери на Германија, кој почина во јануари оваа година. 

Градоначалникот на баварскиот град Дитер Рајтер потврди дека областа околу стадионот сега ќе го носи името на легендарниот фудбалер и тренер.

„Тој е еден од најголемите спортисти што ги создал нашиот град “, рече Рајтер.

Кајзер Франц го напушти овој свет на 7 јануари оваа година на 78-годишна возраст. Легендарниот германски играч е само еден од тројцата кои станаа светски прваци и како играч и како тренер. 

Се вчитува...