ЕКИПА во Торино, Италија
Никола Ѓуровски
Италија вечерва (20.45 часот) на Олимпискиот стадион во Торино ќе ја пречека Македонија во меч од претпоследното коло во квалификациите за СП во Русија 2018. Интересна најава направи италијанскиот весник “Тутоспорт”, осврнувајќи се на обложувачкиот аспект на натпреварот.
Спортскиот весник од Торино предвидува дека мечот нема да заврши нерешено, односно “Х”, а за тоа во италијанските обложувачници се нуди коефициент (1.50). Има и уште еден “зицер”, дека Италија сепак ќе обезбеди пласман на Светското првенство во Русија – за коефициент (1.25).
Кога се головите во прашање, “Тутоспорт”, предлага дека на мечот Италија – Македонија ќе има од 3 до 5 гола. Коефициентот е (1.70).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА