До почетокот на Светското фудбалско првенство во Русија остануваат уште седум дена и веќе се вртат прогнозите кој е најблиску до новата шампионска титула.
Дали Нејмар ќе ги предводи Бразилите до шесттата титула, дали Меси со Аргентина конечно ќе го исполни својот сон, може ли Роналдо по Европското да го освои и Светското првенство со Португалија, или Германија ќе остане на тронот… Има многу прашања, а одговорот ќе се знае на 15 јули по големото финале.
Според коефициентите во обложувалниците најголем фаворит за титулата е репрезентацијата на Бразил. Квотата на Бразил е 5,50, а зад нив е Германија со квота од 6.00.
Фаворити од втор ред се Шпанија (7.00), Франција (7.50) и Аргентина (9.00). Од репрезентациите од регионот, квотата на Хрватска да стане светски шампион е 45, а на Србија огромни 170.
СП во Русија почнува на 14 јуни со дуелот межу домаќинот Русија и Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА