Обложувалниците велат дека Тен Хаг е поранешен, има еден фаворит за негов наследник

Манчестер Јунајтед го претрпе најтешкиот пораз во сезоната, откако загубија од Тотенхем на домашен терен со 0-3. Џонсон, Кулушевски и Соланке во комбинација со црвениот картон на Фернандеш, ги натераа обложувалниците да го намалат коефициентот за смена на Ерик тен Хаг на клупата на Јунајтед.

„Скај бет“ во моментов примаат облози за негов наследник. Односно најпрво примаат облози за смена на Тен Хаг, па потоа и за негов наследник.

Најголеми шанси да го замени Тен Хаг има Герет Саутгејт, доскорашниот селектор на Англија, кој двапати стигна до финале на Европско првенство во Англија. После ЕВРО 2024 година си замина од кормилото, и во моментов е без ангажман.

Моментално за него е најмал коефициентот за да го презеде кормилото на Јунајтед. Саутгејт и во минатото беше поврзуван со клупата на „Црвените ѓаволи“.

Се вчитува...