Рубен Аморим би можел да стане поранешен во Манчестер Јунајтед. Ако се случи тимот да не ја освои Лигата на Европа во финалето против Тотенхем, тогаш е извесно дека Португалецот ќе биде веќе поранешен, а обложувалниците во Англија веќе нудат фаворити за негов наследник.
Така со најмал коефициент, а со тоа и со најголеми шанси да седне на клупата сега е Масимилијано Алегри. Тој има коефициент 5. После него следува сегашниот менаџер на Кристал Палас, Оливер Гласнер кој има коефициент 7.
Маурисио Покетино, селекторот на САД има коефициент 9, додека Герет Саутгејт има коефициент 11. Истиот коефициент го има и менаџерот на Ипсвич, Киеран Мекена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

