Партизан славеше над Баерн Минхен за нов триумф во Евролигата, но Жељко Обрадовиќ на прес-конференцијата јавно го искажа своето незадоволство.
Не стануваше проблем за играта на неговите избраници, туку за однесувањето на дел од навивачите и навредите кои се слушаа од дел од трибините кон членови на управата на српскиот кошаркарски гигант.
„Ако дојде време меѓу нас да се прозиваме, да си бидеме непријатели едни на други, тоа не е мојот Партизан. Не се вратив за ова, за навивачите да имаат проблеми со некои луѓе со кои соработувам. Многу ми е жал што доаѓа до вакви работи, но сите треба да разберете дека ова е Евролига, против какви ривали играме. Неопходно ни е единство. Ако сакаат, нека почнат од мене и сите мои недостатоци, кога сето ова ќе заврши ќе седнеме со навивачите и ќе видиме што треба да се промени. Едно треба да се знае, сите го даваме максимумот, не излегуваме од сала, други луѓе се обидуваат да ни обезбедат врвни услови. Тоа не е ништо ново. Најлесно е да премижуваме и да раскажуваме бајки, но овде се работи за сериозни работи“, изјави Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА