Обрадовиќ бесен како рис: Влегувам во соблекувална, што да видам… ова не е нормално

Партизан беше шокиран на гостувањето против Асвел, меч на кој уште повеќе се продлабочи големата криза на белградските црно-бели.

Жељко Обрадовиќ во неколку ситуации сезонава застана во одбрана на своите кошаркари, но тоа не беше случај синоќа, кога директно ги обвини за недоволно залагање и концентрација за време на натпреварот со најслабиот тим во Евролигата.

„Почнавме на еден недозволив начин, срамота е како изгледавме на теренот. Играчите се однесуваат ненормално, треба да се запрашаат добро… Голем број луѓе доаѓа да им даде поддршка и на гостувањата, тие луѓе заслужуваат да видат тим што се бори, што покажува желба. Причината е едноставна – играчите не размислуваат за натпреварот. Не е нормално, кога влегов во соблекувалната пред мечот сите беа задлабочени во своите телефони. Се обидов да ги кренам, да правам бројни измени во текот на мечот, веќе не знам ни како да реагирам. Не само што сум разочаран, веќе немам ни зборови да опишам колку лошо се чувствувам“, истакна трофејниот стратег.

Се вчитува...