Шефот на стручниот штаб на Фенербахче, Жељко Обрадовиќ, не го криеше разочарувањето по очајното издание на својот тим во Белград и заслужениот пораз од 68-56 на гостувањето против Црвена Звезда.
„Ете, го дочекав и тоа… по 27 години работа влегов во соблекувалната и не знаев што да им кажам на моите играчи. Така се чувствував, немам одговор што се случи, ќе мораме добро да анализираме како можеше да постигнеме бедни 56 поени. Да бидам искрен, повеќе бев изненаден од мојот тим отколку од Црвена Звезда. Секогаш поаѓам од себе и вината ја барам во сопствените грешки“ – истакна Обрадовиќ.
По двата почетни порази од Реал Мадрид и Црвена Звезда, тимот на Фенербахче ќе се обиде до првата победа во Евролигата да стигне во третото коло, кога на домашен терен ќе ја пречека Басконија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА