Партизан загуби уште еден натпревар во Евролигата, по што „црно-белите“ веќе тонат се подлабоко во најелитното европско натпреварување.
Бурно беше и на прес-конференцијата по натпреварот каде што тренерот Жељко Обрадовиќ беше лут на фактот што на денот на натпреварот дознал дека нема да играат двајца играчи.
„Не знам кој го најавил, но јас на тренингот утрото дознав дека Џабари Паркер нема да игра на овој натпревар. Ете толку можам да кажам. Исто и за Маринковиќ. Двајцата ден претходно одработија нормален тренинг, ја поставувавме тактиката за натпреварот. Работев и се подготвував двајцата да играат. И потоа дознавам дека нема да бидат во тимот. Не ги знам причините. За Маринковиќ знам дека имаше болки во грбот, веројатно не беше оспособен, додека за Паркер навистина не знам“, рече тренерот на Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

