Oбрадовиќ без двајца важни кошаркари против Басконија

Кошаркарскиот клуб Партизан ќе биде ослабен со неиграње на двајца важни играчи на натпреварот против Басконија. Двата тима се среќаваат во белградска Арена во петок од 20.30 часот.

Последните информации на само еден ден пред натпреварот велат дека Жељко Обрадовиќ нема да може да смета на Исак Бонга и Франк Ниликина. Бонга на денешниот тренинг се појавил со лонгета на раката, а ќе го пропушти и мечот со Крка во АБА лигата.

Што се однесува до Французнот, тој нема да биде подготвен за средбата со Басконија, но се очекува да се врати овој викенд во АБА лигата.

Се вчитува...