Фенербахче не успеа да ја одбрани европската круна, но затоа ја продолжи доминацијата во турското првенство под водство на Жељко Обрадовиќ. Летово се најавуваше како крајно турбулентно за поранешниот тим на Перо Антиќ по заминувањето на главниот спонзор, компанијата Тофаш, но тренерот Обрадовиќ јасно стави до знаење дека тој не планира да замине од Истанбул, гарантирајќи ја стабилноста на овој проект.
„Никогаш не ми паднало на памет да го напуштам Фенербахче. Стојам зад ветувањето што го дадов на клубот и на навивачите, имам валиден договор и сигурно ќе останам. Го познавам новиот претседател Али Коч уште од времето кога беше дел од управата, наскоро ќе се сретнеме лично и ќе ја испланираме иднината. Очекувам овој проект да продолжи да функционира успешно, со освојување на трофеи“ – изјави Обрадовиќ.
Еден од оние кои сигурно ќе си заминат е Американецот Вонамејкер, кој не ги оправда целосно очекувањата на стручниот штаб и навивачите. Тој е најблизу до трансфер во Барселона, откако доби понуда од каталонскиот гигант за двогодишен договор вреден три милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА