Бразилскиот репрезентативец Бруно Кобакло наскоро би можел да стане кошаркар на Партизан, пренесуваат медиумите во Србија. 28-годишникот беше еден од најдобрите играчи на Бразил на Светското првенство кое се одржа во Индонезија, Јапонија и Филипини и се очекува со успех да ја пополни празнината која ја направи Матијас Лесор со трансферот во Панатинаикос.
Кобакло со себе носи и НБА искуство. Тој настапуваше во најсилното кошаркарско натпреварување од 2014 до 2020 година за Торонто, Сакраменто, Мемфис и Хјустон.
По Соединетите американски држави настапи во Европа каде играше во Лимож, а последниот ангажман го имаше во германскиот Улм каде заедно со Јаго дос Сантос го предводеше својот тим до шампионската титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА