Дел од српските медиуми пренесуваат дека Партизан е на добар пат да добие звучно име во своите редови. Жељко Обрадовиќ би можел да го потпише искусниот грчки плејмејкер Ник Калатес, моментално член на Монако.
Според некои медиуми, преговорите се веќе во завршна фаза и наскоро би требало овој трансфер да се случи.
Калатес е кошаркар со огромно искуство во Европа, а беше две сезони и во НБА. Играше во Панатинаикос осум сезони, потоа беше дел од Мемфис Гризлис, па од 2020 до 2022 година мина во Барселона, од 2022 до 2024 беше дел од Фенербахче, а потоа и од Монако.
Беше дл и од грчката репрезентација, со која го освои бронзениот медал на ЕП 2009 во Полска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

