Обрадовиќ: Еден скок го реши натпреварот

Кошаркарите на Партизан испуштија шанса да стигнат до злато вреден „брејк“ во Евролигата откако загубија на гостувањето против Басконија со 84-83 во драматична завршница во која пресудија скок во нападот и два поени од линијата за слободни фрлања во последната секунда.

По натпреварот тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ не го криеше разочарувањето од пропуштената шанса за два бода.

„Очигледно е дека имавме шанса да ги победиме, но мораме да и честитаме на Басконија на триумфот. Имам чувство дека загубивме натпревар поради нашите грешки. Во првото полувреме имавме големи проблеми со нивните офанзивни скокови, во продолжението успеавме да го заштитиме кошот подобро, но еден скок го реши победникот. Бевме многу блиску“, изјави најтрофејниот европски стратег.

Се вчитува...