Обрадовиќ емотивен: Оваа победа е за Топиќ, и тој да слави во својата битка…

Црвена Звезда ја продолжи серијата одлични настапи со триумф на гостувањето против Макаби, а тренерот Саша Обрадовиќ веднаш по мечот му ја посвети победата на екс-кошаркарот на „црвено-белите“, Никола Топиќ.

Младиот српски кошаркар во НБА ја води најтешката битка откако вчера беше објавено дека болува од канцер на тестисите, поддршка за Топиќ доаѓа од сите страни и сосема очекувано – од неговата Црвена Звезда.

„Се чувствувам феноменално по победата над Макаби, но денешниот ден донесе и потресна вест за сите нас, поврзана со веста за малиот Топиќ. Оваа победа е за него, и тој да слави во својата битка… се надеваме дека се ќе биде во најдобар ред, искрени желби за што побрзо опоравување“, изјави Обрадовиќ по мечот.

Се вчитува...