Српскиот кошаркар Милош Теодосиќ е пред заминување од ЛА клиперс и од НБА лигата. Според најавите во турските медиуми, Теодосиќ е најблиску до договор со Фенербахче.
Тренерот на турскиот тим, Жељко Обрадовиќ, сака да ја искористи ситуацијата доколку ЛА клиперс ја прекинат соработката со Теодосиќ една година пред истекот на договорот, да го донесе својот сонародник во Истанбул.
„Клиперси“ имаат опција до 15 јули да го отпуштат Теодосиќ и да му платат 2,1 милион долари, што е за 4,2 милиони долари помалку од неговата загарантирана заработувачка во втората сезона. Оваа опција се разгледува сериозно во тимот од Лос Анџелес поради честите повреди на српскиот плејмејкер кој и не се наигра многу во изминатата сезона.
Теодосиќ го повреди стапалото и пропушти 37 натпревари во изминатата сезона. Неговиот учинок во дебитантската сеозна во НБА беше скромни 9,5 поени, 4,6 асистенции и 2,8 скокови по натпревар. Лошото искуство од претходната сеозна, го натера Теодосиќ да размислува за враќање во Европа, а Фенербахче е еден од тимовите кои можат да одговорат на неговите финансиски барања и резултатски амбиции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА