Обрадовиќ: Горд сум на моите кошаркари, славје против европскиот шампион секако годи

Кошаркарите на Партизан славеа голема победа на гостувањето против Анадолу Ефес со што направија огромен чекор кон место во плеј-офот од Евролигата.

Тренерот на „црно-белите“, Жељко Обрадовиќ по мечот рече дека натпреварот го почнале многу мрзеливо, но со време се разбудија и почнаа неговите кошаркари да играат за конечна повеќе од заслужена победа.

„Дојдовме тука да играме против тим кој е двократен шампион на Европа. Секако дека дојдовме со почит имајќи на ум дека мора да одиграме речиси совршено, доколку сакаме победа. Почнавме мрзеливо но потоа се разбудивме и почнавме да играме. Навистина сум горд на моите играчи, затоа што го победивме европскиот шампион. Верувам дека никој не би сакал да игра против нив во плеј-офот. Но, мора уште еднаш да се заблагодарам на моите играчи кои одиграа одличен натпревар вечерва“ – истакна Обрадовиќ.

Се вчитува...