Обрадовиќ: Горд сум на мојот Партизан

Жељко Обрадовиќ има причина да биде задоволен откако победничката серија на Партизан продолжи и на тешкото гостување против Жалгирис во Каунас со убедливи 74-88.

„Црно-белите“ со овој триумф влегоа во зоната на табелата што значи и пласман во четвртфиналето, како мотив плус за клучниот дел од сезоната. Обрадовиќ, очекувано, беше максимално позитивно расположен по триумфот во Каунас.

„Горд сум на мојот Пртизан, на момците што одиграа одлична кошарка и покажаа карактер. Горд сум и на навивачите, на фактот дека каде и да играме нашите фанови доаѓаат да ни дадат поддршка, сакам јавно да им се заблагодарам поради тоа. Честитки на Жалгирис за борбеноста, не се предадоа во третата четвртина. Му посакувам многу среќа на противникот во натамошните настапи, на нас е да продолжиме во ист ритами на наредните натпревари“, изјави Обрадовиќ.

Партизан во следното коло го очекува гостување против Баерн Минхен.

Се вчитува...