Тренерот на кошаркарите на Партизан, Жељко Обрадовиќ не успеа да направи изненадување и да го реши во својата корист дуелот со Панатинаикос, но слабата третата четвртина не само што не успеа, туку на крајот претрпе убедлив пораз.
Воедно, неговите кошаркари ја имаа една од најцрните низи во историјата на Евролигата, откако Панатинаикос направи серија од неверојатни 25-0 во третата делница.
„Не погодивме ниту една тројка од првата четвртина, мислам дека е скорот беше нула од 17. Не знам која е вистинската причина, искрено. Некои шутеви беа добри, некои лоши. Истите луѓе ги играа првата и третата четвртина. Постигнаа 31 поен во првата, само шест во третата. Многу е тешко да се разбере ова. Не знам, досега верував дека решението е да се работи напорно. Со ваков календар е многу тешко, затоа што нема време. Секогаш се зависи од мотивацијата и желбата“, рече Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

