Будуќност одигра нов фантастичен натпревар и по втор пат во сезоната го совлада фаворизираниот Партизан. Овој пат во главниот град на Црна Гора каде во 27. коло славеше со 81-77 за преземање на првата позиција на табелата со победа повеќе во однос на големиот ривал.
По мечот целата одговорност за поразот ја презеде тренерот на „црно-белите“, Жељко Обрадовиќ.
„Никогаш не би зборувал за имиња. Се обидов да им објаснам, тренерот е единствениот кој се грижи за целиот тим. Сите одлуки се носат во интерес на тимот. Ќе видиме како ќе изгледа. Ниту еден играч не треба да биде отпишан. Сезоната покажа дека имаме многу повредени играчи. Треба да сметаме на сите и да ги охрабруваме. Тоа е работа на мене и на моите колеги. За поразот вечерва сум само јас виновен“, изјави Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА