Партизан е во завршната фаза од преговорите за ангажман на првото големо засилување од лето, пренесуваат српските медиуми. Станува збор за искусниот американски центар Брендон Дејвис кој важи за еден од најдобрите на својата позиција во Евролигата.
Триесетидвегодишникот го раскина договорот со Валенсија откако шпанскиот клуб го загуби местото во Евролигата и е слободен да ја бира новата средина која се очекува да биде Белград на големо задоволство на навивачите на Партизан кои се уште ја чекаат адекватната замена за Матијас Лесор.
Дејвис се очекува да биде четвртото официјално засилување за Партизан ова лето по Вања Маринковиќ, Френк Ниликина и Ифе Лундберг.
Покрај овие кошаркари постојат гласини и за Аријан Лакиќ, Марио Накиќ, Исак Бонга, Тајрик Џоунс, Стерлинг Браун и Алзеа Мајк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА