И покрај тоа што имаа предност во поголемиот дел од мечот се до последните минути, кошаркарите на Партизан синоќа загубија со 88-82 на гостувањето против Басконија во првиот натпревар од новата сезона во Евролигата.
Тренерот на „црно-белите“ Жељко Обрадовиќ по мечот вели дека падот на концентрацијата бил клучен за поразот на неговиот тим.
„Не паднавме многу во финишот, туку само примивме неколку клучни поени на крајот од нивниот напад. Само треба да бидеме фокусирани на тие работи. И честитам на Басконија за победата“, изјави Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА