Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ очекувано задоволен од победата на неговиот тим во српската пресметка против Црвена Звезда во Евролигата.
Партизан имаше негатива и од 12 поени на почетокот од последната четвртина, но со неверојатна серија предводена од Алекса Аврамовиќ дојде до победа од 88-86.
„Луд натпревар, апсолутно. Игравме одлично на почетокот, а потоа во следните две четвртини доминираа тие. Сепак, покажавме неверојатна енергија во последниот период, публиката ни даде енергија да се извлечеме од падовите. А, имавме многу падови, не разбирам зошто… Некои од играчите не беа физички спремни за ваков дуел“ – истакна Обрадовиќ по победата над лутиот градски ривал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА