Партизан утре во 18 часот го пречекува тимот на МЗТ во рамките од 15. коло во АБА лигата.
Тренерот на „црно-белите“, легендарниот Жељко Обрадовиќ го фалеше тимот на МЗТ после тренерската смена и поставувањето на Николиќ како тренер.
„Ни доаѓа МЗТ со Гаги Николиќ, и драго ми е што ќе го видам тука. Екипата е сменета по смената на тренерот, што важно влијаеше на нивната игра. Изгледаат поинаку и имаат некои нови играчи. Мора добро да се подготвиме и да одиграме уште еден добар натпревар“, рече Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА