Обрадовиќ: На Гаги му ја посакувам целата среќа на светот

МЗТ Скопје го претрпе 13. пораз во АБА лигата откако во 15. коло загуби на гостински терен против Партизан со убедливи 120-67. Белградскиот тим одигра неверојатен меч во кој реализираше со 73 отсто од игра со 13 погодени тројки од 18 обиди.

Во полза на „сино-белите“ не е ни повредата на Деандре Кук кој ќе отсустува еден месец од теренот, а токму за тоа говореше и тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ кој му посака среќа на предводникот на МЗТ Скопје, Драган Николиќ.

„Игравме од првата до последната минута. Им честитам на играчите на неверојатниот натпревар. Реализацијата не е реална. Му посакувам се најдобро на Гаги Николиќ. Има два нови играчи, а еден од нив денеска се повреди. Ќе го нема месец дена тоа не е лесно, а треба доправа да го вклопува тимот. Му ја посакувам целата среќа на светот“, изјави Обрадовиќ.

Се вчитува...