Обрадовиќ: На сите ни е јасно зошто ги загубивме првите два натпревари

Финалната серија во АБА лигата помеѓу Партизан и Црвена Звезда продолжува во недела од 20 часот и 30 минути на теренот на „црно-белите“ каде актуелниот шампион на регионалното првенство нема да има право на грешка доколку сака да остане во игра за одбрана на шампионскиот трофеј.

Натпреварот го најави и тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ кој кратко ги прокоментира и претходните два натпревари, а и се осврна кон новиот предизвик притоа барајќи ја поддршката од верните навивачи.

„Мислам дека е јасно зошто ги загубивме претходните два натпревари. Не е голема филозофија. Мислам дека на сите им е јасно. Треба да се подготивме со максимална почит кон противникот и нормално да помине се во фер и спортска атмосфера. Да се говори само за кошарка. Во оваа прилика ги повикувам навивачите да не поддржат и бодрат како што го правеа тоа во текот на целата година“, вели Обрадовиќ.

Се вчитува...