Партизан и во третиот натпревар по враќањето во Евролигата не успеа да стигне до трофеј откако беше поразен на домашен терен од Олимпија Милано со 75-80.
По натпреварот тренерот на „црно-белите“, Жељко Обрадовиќ видно лут ги нападна присутните новинари велејќи им дека само приказна е дека Партизан има многу пари.
„Цело лето читам текстови по весниците ќе сме донеле ваков или таков кошаркар. Јас навистина не знам кој го измислува тоа. Имињата што се споменуваат и цифрите… Се прави вештачки дека Партизан има пари, а овој клуб живее од годишните карти на прекрасните навивачи. Велат Кампацо ќе дошол, па дали виделе тие колку пари сакаа да му платат Реал и Фенербахче?“, изјави Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА