Жељко Обрадовиќ не го криеше разочарувањето откако Партизан не ја искористи и втората шанса, со победа во Белград над Реал Мадрид да обезбеди пласман на фајналфор турнирот од Евролигата.
„Црно-белите“ прокоцкаа предност од 2-0, па Реал со денешната победа стигна до израмнување, а Обрадовиќ беше крајно разочаран од деконцентрацијата во финишот на неговите избраници, кога дозволија три офанзивни скокови на противникот, по што Таварес погоди „два плус еден“ и донесе победа на Партизан.
„Секако дека сме разочарани, еден скок… еден скок беше тоа што го реши натпреварот. Таварес ја фати топката, даде кош и беше фаулиран и тоа беше тоа. Не бевме доволно паметни, не игравме онака како што треба. Не ни останува ништо друго освен да тренираме и да се обидеме да бидеме подобри во петтиот меч“, изјави Обрадовиќ веднаш по мечот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА