„Обрадовиќ не може да работи во НБА, играчите не би го трпеле“

Турскиот центар Алперен Шенгун ги откри разликите меѓу НБА и европската кошарка.

Членот на Хјустон го спомна Жељко Обрадовиќ за кого тврди дека не би се снашол најдобро во најсилната лига на светот.
„Обрадовиќ не би се снашол во НБА. Играчите не би го толерирале. Во САД нема да може да го прави тоа што го прави во Европа. Таму е сосема нешто друго“, рече Шенгун.

Шенгун е еден од најталентираните турски кошаркари и во тимот на Хјустон минатата сезона имаше просек од 21,1 поен, 9,4 скока и пет асистенции. Турскиот кошаркар веќе го споредуваат со Никола Јокиќ, а некои стручњаци тврдат дека Шенгун би можел да биде наследник на српскиот центар.

Се вчитува...