Жељко Обрадовиќ повторно разочаран пристигна на прес-конференција по еден евролигашки меч откако неговиот Партизан го претрпе и четвртиот пораз во низа, овојпат на гостувањето во Атина против Олимпијакос.
„Црно-белите“ делуваа одлично на теренот околу 35 минути, беа на добар пат да го земат скалпот на фаворитот, но серијата грешки во нападот пресуди Грците да се вратат, па на крајот дури и да слават со девет поени разлика.
„Имаме за што да жалиме, испушивме голем шанса бидејќи го контролиравме текот на мечот се до 38. минута, но големиот број грешки и промашени зицери придонесоа да го загубиме мечот. Олимпијакос заслужено славеше бидејќи се бореше од поеток до крај, а ние не бевме доволно мирни кога се решаваше победникот. Се брзавме, во таа преголема желба се грешеше, му подаривме неколку топки а домаќинот кој лесно реализираше кога беше најважно, а на спротивната страна е неверојатно какви зицери ние успеавме да промашиме. Напредокот во нашата игра е очигледен, очекувам се да изгледа уште подобро во наредниот период“, изјави Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

