Партизан претрпе голем шок во 19. коло од АБА лигата откако на домашен терен пред повеќе од 16 илјади навивачи загуби од хрватски Сплит во натпревар во кој евролигашот одигра очајно. „Црно-белите“ во еден момент од средбата имаа негатива и од 20 поени, но и покрај тоа што успеаја да го ублажат поразот, не беа ниту блиску до победа.
По средбата тренерот Жељко Обрадовиќ ја превзема одговорноста за дебаклот и им се извини на навивачите на Партизан.
„Сплит апсолутно ја заслужи победата. Треба да се извиниме на сите луѓе кои дојдоа во салата и на сите оние кои го гледаа натпреварот. Кога екипата изгледа вака, тренерот треба да се запраша што прави. И да превземе одговорност. Знаевме дека пред нас е серија на тешки натпревари па мислев дека ова е шанса да ги одморам Кевин Пантер и Пи-Џеј Доузер кој има проблем со ногата, плус Трифуновиќ за кој дополнително треба да откриме што е проблемот кој го мачи од пред некој ден. Уште еднаш им се извинувам на сите навивачи на Партизан. Голема срамота“, изјави Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА