Обрадовиќ останува без уште едно посакувано засилување?

Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ мака мачи да состави тим по своја желба. Најтрофејниот европски тренер изминатото лето го посакуваше Никола Миротиќ во тимот, но Шпанецот со црногорско потекло во последен час ги „извиси“ белграѓани, а ова лето би можело да се повтори сценариото со новата трансфер цел.

Станува збор за искусниот италијански крилен центар Николо Мели чиј договор со Олимпија Милано завршува на крајот на сезоната и ова лето ќе биде слободен да ја бира новата средина. Токму поради тоа тој е мета број еден на Партизан, но шансата за можен потпис со „црно-белите“ е сведена на минимум бидејќи и самиот италијански тим сака да го задржи во своите редови.

Според последните информации на италијанските медиуми, и 33-годишникот кој зад себе има и тригодишно НБА искуство настапувајќи за Њу Орлеанс и Далас посакува да остане во татковината.

Се вчитува...