Партизан и Црвена Звезда за пат во историјата играат заедно во Евролигата. Српските гиганти во минатото често го менуваа местото во престижното натпреварување, но оваа сезона белградските тимови се прикажаа како вистински погодок со пеколната атмосфера, но и квалитетот на паркетот.
А, тренерот на „црно-белите“, Жељко Обрадовиќ верува дека двата тима заслужуваат место во Евролигата и во годините кои следат.
„Мислам дека двата тима заслужуваат да бидат во Евролигата. Често се говори на оваа тема и на можноста да проширување на Евролигата. Не знам што ќе се случи, но верувам дека и Црвена Звезда и Партизан имаат квалитет да бидат дел од натпреварувањето и тоа не само оваа сезона. Имаме сериозен проект за годините кои следат и Евролигата треба да го согледа тоа. Притоа имаме и навивачи. Мислам дека сите тимови кои гостуваа во Белград беа среќни. Нема подобро за играч да игра во таква атмосфера“, вели најтрофејниот стратег во историјата на Евролигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА